Вучиќ за злосторството во Бор: „Ако некое дело заслужува смртна казна, тоа е ова“

Претседателот на Србија зборуваше за грозоморното злосторство во Бор.

Ако некое дело заслужува смртна казна, тогаш тоа е она што се случи во Бор – рекол Вучиќ .

Тој рече дека има безброј луѓе кои знаат сè за ова и за другите злосторства, и би било премногу ако и тој зборува за тоа.

– Ќе кажам нешто друго. Своевремено јавно се залагав да се размислува за повторно воведување на смртната казна, а да не бидеме казнети. Овој чин заслужува смртна казна. Ќе го повторам тоа барање до Владата на Србија, нека го разгледаат.