Вучиќ и Милатовиќ во опуштен разговор на терасата на палатата: Добредојде за црногорскиот претседател (ФОТО)

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, беше домаќин на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во прва официјална посета на Србија.

-Добредојдовте драг пријателе… Убеден сум дека оваа посета ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу нашите земји – напиша претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на официјалниот Инстаграм профил поздравувајќи го новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.