Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека и покрај сите тешкотии што ја очекуваат земјата, Србија ќе продолжи да расте и напредува, побрзо и посилно, за доброто на сите нејзини граѓани.
Вучиќ во објава на Инстаграм изјави и дека изминатата недела ја одбележа катастрофален земјотрес во Турција и Сирија.
„Србија беше меѓу првите што испрати помош, што ќе продолжи да го прави според своите можности“, посочи Вучиќ.