На вчерашната церемонија на отворање на Вториот меѓународен саем за вино Вино Визија на отворен Балкан на саемот во Белград присуствуваа претседателот на Србија, претседателот на Црна Гора и премиерот на Северна Македонија, кои подоцна пееја во ресторанот.
На Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“ е објавено видео на кое во ресторан црногорскиот премиер Јаков Милатовиќ, македонскиот премиер Дмитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ ја пеат популарната „Dajte vina hoću lom“.
Заедно со снимката како ја пеат оваа песна на Харис Џиновиќ, Вучиќ напиша – „Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Северна Македонија и Србија!“.
Вториот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворен Балкан“ вчера беше официјално отворен на Саемот во Белград, под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го изрази своето задоволство од големиот одзив на домашните и странските изложувачи и им се заблагодари на претставниците на Севена Македонија и Албанија за поддршката. Вучиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ е воспоставена како винска платформа и дека претставува пазар од 20 милиони потрошувачи.