Кучето на молдавскиот претседател го каснa австрискиот претседател – снимката го обиколи интернетот

Кучето на молдавската претседателка Маја Санду го касна за рака австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, објавија молдавските медиуми.

Настанот се случил во дворот на претседателската резиденција во Молдавија кога Ван дер Белен се обидел да го погали кучето по име Кодрут, кога животното го каснало за рака, пренесува Телеграфи.

Санду се извини на англиски и објасни дека кучето се плаши од голем број луѓе во близина

Ван Дер Белен се појави со преврзана рака на следната средба, со претседателот на молдавскиот парламент.

Молдавскиот претседател го засолни кучето скитник, кое во несреќа остана без нога.