Вучиќ, Милатовиќ и Ковачевски со чаша вино го пееја Харис Џиновиќ

На вчерашната церемонија на отворање на Вториот меѓународен саем за вино Вино Визија на отворен Балкан на саемот во Белград присуствуваа претседателот на Србија, претседателот на Црна Гора и премиерот на Северна Македонија, кои подоцна пееја во ресторанот.

На Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“ е објавено видео на кое во ресторан црногорскиот премиер Јаков Милатовиќ, македонскиот премиер Дмитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ ја пеат популарната „Dajte vina hoću lom“.

Заедно со снимката како ја пеат оваа песна на Харис Џиновиќ, Вучиќ напиша – „Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Северна Македонија и Србија!“.

Вториот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворен Балкан“ вчера беше официјално отворен на Саемот во Белград, под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го изрази своето задоволство од големиот одзив на домашните и странските изложувачи и им се заблагодари на претставниците на Севена Македонија и Албанија за поддршката. Вучиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ е воспоставена како винска платформа и дека претставува пазар од 20 милиони потрошувачи.