ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТНО! Денес го одбележуваме Светскиот ден на планетата Земја, но погледнете како изгледа нашиот дом од Меѓународната вселенска станица – сцените ви го одземаат здивот!

Оваа сабота, како и секој 22. април, е – Светски ден на планетата Земја. Тоа е датумот што претставниците на Обединетите нации го заокружија во својот календар и на тој начин одлучија да спроведат низа акции барем еднаш годишно и со тоа да ја подигнат свеста за проблемите со пренаселеноста, загадувањето на воздухот и почвата како и важноста од зачувување на биолошката разновидност на планетата.

Историјата на прославувањето на 22. април како Ден на планетата Земја датира од 1968 година, кога Службата за јавно здравје на САД, заедно со професорот Мортон Хилберт, организираа – „Симпозиум за кологија“ за студентите од оваа земја. Успехот бил толку голем што Мортон Хилберт и одредени студентски заедници ги посветиле следните две години на прославата на првиот Ден на планетата Земја, пишува National Geography.

Во исто време, меѓу 1968 и 1970 година, се појавуваат и други иницијативи со иста цел. Сето ова довело до првата од многуте демонстрации што се одржале на 22. април 1970 година. Во овој случај, прв човек на ова движење бил американскиот сенатор и активист Гејлорд Нелсон со предлог да се создаде агенција која ќе се занимава со еколошки прашања и исклучиво со проблемот на одржливост и природата.

Големиот општествен притисок ги даде посакуваните резултати и истата година Владата на Соединетите Американски Држави ја создаде Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) заедно со бројни закони. Исто така, во 1972 година, во Стокхолм се одржа првата меѓународна конференција за животна средина, која беше именувана како „Самит на Земјата во Стокхолм“.

Сепак, дури во 2009 година Обединетите нации го прогласија датумот за официјална годишнина, и покрај фактот што датумот се одбележуваше со години претходно.

Погоре е видео снимено од Меѓународната вселенска станица, за време на експедицијата 65. Видеото ја прикажува Земјата во сета нејзина убавина од вселената.