ВУЧИЌ НАЈАВИ НОВИ МЕРКИ: Ова ќе го намали врсничкото насилство во училиштата за 80 отсто

Вучиќ вели дека со тоа ќе се зголеми безбедноста.

Претседателот Александар Вучиќ денеска со членови на Владата и се обрати на јавноста.

– Не можеме да најдеме причина.  Во Србија имаме 505.247 ученици. Родителите се и загрижени и исплашени. Родителите го испраќаат своето дете на училиште, одат на работа и очекуваат детето да биде безбедно на училиште. И тогаш се појавува психопат, чудовиште и ги убива децата без тронка каење. Како ќе ги смириме родителите? Има неколку нови мерки. Полицијата досега имаше обврска да го посети училиштето пред почетокот на наставата и по завршувањето и потоа да го напушти. Во следните 6 месеци ќе добиеме 1.200 нови полицајци, а ќе префрлиме уште 1.000 полицајци да поминуваат време на училиште.

Вучиќ вели дека со тоа ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали врсничкото насилство во училиштата за 80 проценти.

– Тоа е за безбедноста на родителите, а пред се на мајките. Нема мајки и баби кои спиеле изминативе денови. Во Белград има 330 училишта, во секое училиште ќе има по 330 полицајци. Ќе има повеќе секако. Ќе не чини 25 милиони евра повеќе, но парите ги најдовме – вели тој.