Вучиќ: Не треба да имаме проблеми со гасот во зима – со помош на Унгарија го решивме тоа прашање

За време на обраќањето по трилатералната средба во Виена, каде Александар Вучиќ се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нојхамер, претседателот на Србија зборуваше и за снабдувањето со гас.

– Со помош на нашите унгарски пријатели успеавме да го решиме тоа прашање. Во складиште имаме 588 милиони кубни метри гас. Со редовен проток на гас не би требало да имаме никакви проблеми, без разлика на очекуваното поскапување, тоа ќе биде минимално или воопшто нема поскапување. Не би требало да имаме проблеми во текот на зимата – изјави Вучиќ.