Килијан Мбапе одговори на пишувањата за неговото заминување од ПСЖ – Французинот испрати јасна порака до сите

Одличниот француски фудбалер Килијан Мбапе се уште не одлучил за својата иднина, додека неговиот менаџерски тим наводно преку напис истакна дека Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Дел од француските и шпанските медиуми напишаа дека 25-годишниот Килијан Мбапе на крајот од актуелната сезона ќе го напушти Париз Сент Жермен и дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Инаку, одличниот француски репрезентативец веќе долги години е доведен во контекст на преселба во мадридскиот клуб.

Сепак, менаџерскиот тим ги демантираше ваквите наводи и нагласи дека Килијан Мбапе се уште не одлучил ништо за својата иднина.

Со оглед на тоа што Килијан Мбапе влезе во последните шест месеци од договорот со ПСЖ, тој може слободно да преговара со други клубови. Но, тој се уште не постигнал договор со никого, ниту пак некој му одредил рок“, изјавија од раководниот тим на фудбалерот.

Килијан Мбапе ја започна кариерата во Монако, а потоа дојде во ПСЖ на позајмица во 2017 година. Тој официјално стана член на парискиот клуб во 2018 година. Во ПСЖ постигна дури 166 гола на 192 првенствени натпревари.