Поранешниот најплатен фудбалер на светот се предозирал и завршил во болница: “Неговите најблиски мора итно да направат нешто…“

Поранешниот фудбалер на Наполи и ПСЖ и некогаш најплатениот фудбалер во светот, Езекиел Лавеци (38 г.), западна во големи животни проблеми. Тој бил хоспитализиран по втор пат за само три недели, а овој пат наводно поради предозирање.

Пензионираниот аргентински фудбалер се наоѓа на интензивна нега каде, според локалните медиуми, докторите се обидуваат да го детоксифицираат. 

Тој има симптоми на предозирање откако имал низа семејни проблеми. Неговите роднини мора да направат нешто“, пишува новинарот Луис Вентура.

Иако семејството ги демантираше овие тврдења, аргентинските медиуми тврдат дека Езекиел Лавеци по закрепнувањето ќе продолжи во центар за рехабилитација.

Езекиел Лавеци

Пред само три недели поранешниот аргентински ас беше хоспитализиран со убодни рани по семејна расправија. Имено, тој бил примен во уругвајската болница во Пунта дел Есте со убодна рана на стомакот и скршена клучна коска. Уругвајското радио FM Gente тогаш тврдеше дека Езекиел Лавеци бил избоден со нож од неговиот брат по жестока расправија.

Езекиел Лавеци го остави најголемиот белег во својата фудбалска кариера играјќи за Наполи, каде помина пет години, а потоа и за ПСЖ, чиј дрес го носеше четири сезони. Во летото 2012 година, тој стана најплатениот фудбалер во светот, откако прифати понуда од кинескиот Хебеј, каде заработи дури 20 милиони евра по сезона. Тој пред четири години се збогуваше од фудбалот.