Голем пожар проголта стамбена зграда во Валенсија: Се стравува дека има затрупани луѓе! (ВИДЕО)

Висококатница во Валенсија беше зафатена од пламен откако избувна голем пожар.

Пожарот избувнал во блок од 14 ката во населбата Кампанар и се проширил на соседната зграда.

Во моментов повеќе од 20 противпожарни екипи се борат со пожарот, а луѓето се повикуваат да се држат подалеку од областа.

Не е познато колку луѓе се повредени во инцидентот, но локалните медиуми јавуваат дека можеби има луѓе заробени внатре.

Еден човек кој живее на вториот кат од зградата за La Sexta изјавил дека пламенот брзо се зголемил по избувнувањето на пожарот.

„Пожарот се прошири за 10 минути“, рече тој, додавајќи дека материјалот на фасадата на зградата можеби го предизвикал ширењето на пожарот.

Една жена изјави за RTVE дека видела пожарникари како се обидуваат да спасат тинејџер заробен на првиот кат од зградата.

Пожарникарите биле повикани околу 17:30 часот по локално време. Во таа област е формирана полска болница за жртвите, јави RTVE.

Пишувајќи на X, шпанскиот премиер Педро Санчез рече: „Згрозен сум од страшниот пожар во зграда во Валенсија… Сакам да ја пренесам мојата солидарност до сите засегнати луѓе и мојата благодарност до сите кои помагаат за гасење на пожарот. Итниот персонал веќе е распореден на местото на настанот“.