Згодната Бразилка предизвика ,,бура” во Миконос со својот заоблен задник во танга: Еве зошто мислат дека е луда (фото)

Една од најпознатите Бразилки во светот, пејачката Анита, неодамна беше фатена како се забавува и ужива со пријателите на грчкиот остров Миконос, популарна дестинација за познатите и богатите.

Згодната 30-годишна девојка продефилираше покрај базен во тренди црвени бикини со долни танга, покажувајќи ја својата затегната фигура – бујно деколте, заоблен задник и рамен стомак. Анита нема проблем да го покаже целулитот, но и покрај тоа навистина изгледа фантастично, а има самоуверен став и огнена енергија.

Да потсетиме, убавата бразилска пејачка е позната по тоа што не бега да го покажува своето тело и сака да се појавува во предизвикувачки изданија, а во една прилика се појави во многу провокативен фустан на Американските музички награди.