Вучиќ од Скопје: Србија останува доследна во искрените напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба
Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан, порача српскиот претседател Александар Вучиќ пред средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

-Благодарен сум на претседателот на Република Словенија @natasa.pirc.musar, на претседателот на Република Хрватска @z_milanovic и на претседателот на Република Северна Македонија, @stevopendarovski за топлото добредојде и на тоа што се домаќини на оваа важна средба, каде со соговорниците од регионот ќе разговарам за некои од клучните принципи на регионалната соработка, одржливиот развој, климатските промени, но и политиката за проширување на #ЕУ, како стратешка точка на понатамошните односи на европскиот континент, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Една од поважните теми ќе биде продолжувањето на сеопфатните политички, економски и социјални реформи, кои ќе ги задржат младите на овој простор, што дополнително ќе обезбеди просперитет, стабилност и напредок на цела Европа, порача Вучиќ.