Вучиќ покажуваше фотографии од “Диво насеље” и ја обвинуваше меѓународната заедница и Албанците за лицемерство: “Погледнете како беа закопани албанските терористи” кои убиваа во Македонија (ФОТО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање на државната телевизија РТС покажа фотографии од погребите на албанските терористи кои убиваа македонски полицајци во 2015 година.

Тој потсети дека во 2015 година во Куманово имаше голем конфликт меѓу вистински албански терористи кои ја нападнаа суверената и меѓународно призната држава тогаш Република Македонија, а денес Северна Македонија, земја на ОН.

  • Убиени се дури осум македонски полицајци – рече Вучиќ.

Претседателот Вучиќ покажа дека на погребот во Приштина имало знамиња на терористичката ОВК, а присуствуваше и Иса Мустафа, поранешниот косовски премиер со кого тој преговарал во Брисел.

Тој покажа слика од споменикот на Бег Ризај.

  • Ова е Бег Ризај, еден од убиените терористи, а ова е споменикот што му е поставен во познатото место Дечани. Рамуш Харадинај го посети споменикот и положи цвеќе. Толку од нивните принципи, европската иднина и се останато – рече Вучиќ.

Да потсетиме, по трагичните настани во неделата во Бањска, претседателот Вучиќ во своето обраќање до јавноста посочи дека главен виновник за се што се случува на Косово е Аљбин Курти и дека единствена желба му е да ја внесе Србија во конфликт со НАТО.

Во разговор со амбасадорите на земјите од Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на Европската Унија, српскиот претседател побарал КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти.

Денеска е Ден на жалост во цела Србија, како и во Република Српска, а во српските заедници на Косово е прогласена тридневна жалост, реќе Вучиќ.

Инаку потсетувањето на настаните во Диво Насеље во Куманово од страна на Вучиќ следуваше по изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека е грешка прогласувањето ден на жалост за смртта на терористи кој во неделата го убија косовскиот полицаец и дека Србија мора да избере дали ќе оди во 21 век или ќе се врати во 19-от.