Во Претседателството денеска се одржа средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и „големата петорка“.
„Тешка средба со петмината. Верувам дека во наредниот период ќе најдеме излез од кризата. Очекувам важни средби во Брисел во наредните денови“, најави Вучиќ по средбата.
Тој денеска се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, заменик помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, советници за надворешна и безбедносна политика до претседателот на Република Франција и канцеларот на Сојузна Република Германија на Германија, Емануел Боно и Јенс Плетнер и дипломатскиот советник на премиерот на Република Италија, Франческа Тал.
Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека денешниот ден веројатно ќе биде еден од најтешките денови за него и за Србија, бидејќи знае што и зошто доаѓаат претставниците.
Тој додаде дека т.н петте „големи, најсилни, моќни“ и дека Србија е мала земја, која мора да се грижи за себе да ги заштити својот народ и своите деца.
„Можам да ви ветам дека нема да се борам за да се спасам, но со целото мое срце ќе се борам да ја спасам државата, без разлика колку се моќни и силни. Ќе го заштитам и Косово и Метохија и нашиот народ на Косово и Метохија “, изјави Вучиќ.
„Големата петорка“ доаѓа во Белград по посетата на Приштина, каде Лајчак изјави дека има план за продолжување на дијалогот, додавајќи дека не може да открива детали.
„Ние секогаш имаме план, така што имаме план. Разговаравме за тоа со премиерот Курти и ќе разговараме за тоа со претседателот Вучиќ. Во моментов не можам да навлегувам во детали. Нема алтернатива за дијалогот бидејќи дијалогот носи нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и им го отвора патот кон ЕУ“, рече Лајчак.
Европскиот посредник додаде дека без формирање на Заедницата, Приштина не може да напредува кон Европската унија.