„Не зависи од Алкараз, туку и од Ѓоковиќ“

Поранешниот шпански тенисер Николас Алмагро вели дека не е се во рацете на Карлос Алкараз.

Момчето од Мурсија има се помалку шанси да ја исполни својата цел и да ја заврши годината како играч број еден во светот, пред Новак Ѓоковиќ.

Алкараз поради повреда се повлече од турнирот во Базел, но треба да игра во Берси и Торино.

„Мора да е комплицирано да се биде во оваа ситуација. Мислам дека е многу тешко да се справиш со овие околности. Знам дека Карлос е многу амбициозен, знам дека неговиот сон е да ја заврши годината како број еден. Ќе мора да има одлично Завршен Мастерс во Торино. Има турнири и ќе видиме како ќе се однесува. Лично мислам дека има се под контрола или барем така сакам да мислам. Не зависи од него, туку од Ѓоковиќ. како е физички и психички“, рече Алмагро и додаде :

„ Крајот на сезоната е малку потежок за него, но се надеваме дека со овој одмор ќе може да пристигне во Париз и Торино во најдобра можна состојба. Не видов пад во Алкараз, годината е многу долго, има многу натпревари, многу километри, прослави и емоции“.

Алмагро вели дека Алкараз ќе научи од оваа сезона и дека неговите грешки нема да се повторат.

„Се што му се случува е нормално. Јасно е дека во наредните години вакви грешки или падови на одредени турнири нема да му се случат на Карлос“, изјави Николас.

Инаку, Алмагро освои 13 АТП титули во кариерата, која заврши во 2019 година.