Алијансата на цивилизациите на ОН го осуди палењето на Куранот во Шведска

– Високиот претставник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации (ОН) недвосмислено го осуди палењето на Куранот во Шведска.

Мигуел Моратинос во соопштението рече дека „таков гнасен чин е непочитување кон муслиманите што го слават светиот празник Курбан бајрам – празник на жртвувањето“.

Моратинос ја повтори важноста од поддржувањето на слободата на изразување како основно човеково право, но додаде дека „сквернавењето на светите книги и местата за богослужба, како и верските симболи е неприфатливо и може да доведе до поттикнување насилство“.

Лицето идентификувано како Салван Момика во средата запалило примерок од муслиманската света книга под полициска заштита пред една џамија во Стокхолм.

Провокативниот чин на екстремистот беше темпиран да се совпадне со Курбан бајрам, еден од најголемите исламски верски празници што го слават муслиманите низ светот.

Актот предизвика голема осуда од исламскиот свет, вклучително Туркије, Јордан, Палестина, Саудиска Арабија, Мароко, Ирак, Иран, Пакистан, Сенегал, Мароко и Мавританија.