ВИДЕО | Куче распарчило 4000 долари што ги нашло во пликот, сопствениците ги залепија парите

Кучето по име Сесил од Питсбург, Пенсилванија е во голема неволја откако неговите сопственици откриле дека тој распарчил и делумно изел 4.000 долари во кеш што ги издвоиле за подобрување на домот, пренесува CBS Pittsburgh.

Сопственикот Клејтон ги оставил парите на кујнскиот пулт и половина час подоцна го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот. Сопствениците потоа повикале ветеринар, кој ги советувал да внимаваат на кучето, а кога Сесил почнала да му го враќа она што го изел, тие се обиделе да ги залепат уништените пари. 

За среќа, тие можеа да ги заменат повеќето пари во банката, но не можеа да ги вратат 450-те долари.