СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА БРАЗИЛ – Познат новинар го обвини Нејмар дека за време на репрезентативен собир организирал оргии со жешки девојки

Фудбалската репрезентација на Бразил ремизираше со Венецуела (1:1) во квалификациите, а по натпреварот голем скандал ја потресе целата земја.

Познатиот бразилски новинар Матеус Балди на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека Нејмар по овој натпревар имал луда забава со жешки девојки, а завршил во кревет со инфлуенсерката Ребека Рибеиро.

По натпреварот со Венецуела, нашето палаво момче Нејмар реши да направи забава во луксузен хотел во Кујаба. Некои девојки биле поканети да присуствуваат, но правило е дека мобилните телефони се собираат на влезот, се исклучуваат и се оставаат заклучени“, напиша Матеус Балди, додавајќи: „Во аудио клип кој кружи низ градот, една жена тврди дека Нејмар останал со Ребека Рибеиро, Винисиус Јуниор со Летиција Согиро, а Ричарлисон се сретнал со Рита Лопез. Некои луѓе тврдат дека вчера наутро ја виделе инфлуенсерката Летисија Согиро како излегува од хотелот во кој престојувал бразилскиот тим“.

Ребека Рибеиро остро ги демантираше овие наводи и објави фотографија со Нејмар под која напиша:

Уште еден обичен ден со брат ми“.

Самиот Нејмар не се огласи во оваа прилика, па што се случило по натпреварот со Венецуела ќе остане мистерија.