Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Пекинг се сретна со Ванг Хунинг.
Ванг Хунинг е претседател на 14-тиот национален комитет на Народната политичка консултативна конференција на Кина и член на Постојаниот комитет на Политбирото на Централниот комитет на КЗК.
На средбата присуствуваа и министрите на Владата на Србија, кои се дел од делегацијата.
„Ви благодарам за гостопримството и одличното добредојде. Навистина се чувствувам како дома во Кина. Исто како и минатиот пат кога се сретнавме, и овој пат ќе можам да научам многу од вас. Особено со нетрпение ја очекувам средбата со претседателот на НР Кина, бидејќи тоа е можност да се изрази благодарност не само за пријателството, туку и за сета поддршка што Кина и ја дава на српската страна на секое ниво, објави Вучиќ на Инстаграм со фотографија од средбата со Ванг Хунинг.
Претседателот на Србија претходно изјави дека Хунининг е на чело на политичкото тело кое го советува кинеското раководство и дека тој е најважниот политички мислител на современа Кина.