Вучиќ со основачот на Web Summit, најголемата технолошка конференција во светот: „Србија да биде глобален ИТ играч“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со Патрик Косгрејв, основач, извршен директор и косопственик на Web Summit, најголемата технолошка конференција во светот.

„Многу важна средба со основачот и извршен директор на @websummit @paddycosgrave и одлична можност за размена на мислења за можностите за подобрување на технолошкиот сектор во Србија, што ќе придонесе за економскиот раст и развој на земјата.

Разговаравме за можноста Белград и Србија да бидат домаќини на најголемата светска технолошка конференција @websummit. По тој повод го истакнав успехот што го постигнавме на последниот Самит на кој учествуваа 60 иновативни српски компании. Нагласив дека Србија и Белград можат да понудат многу и секако да обезбедат најдобра организација на настан кој ги поврзува глобалната политика, технологии и иновации.

Ова би ја позиционирало Србија во глобалната технолошка средина како клучен играч на ИТ сцената, истовремено отворајќи ја вратата за нови странски инвестиции, партнерства, раст на туризмот и зајакнување на угледот и брендот на нашиот главен град. Ова е можност заедно да ја обезбедиме иднината на Србија на светската сцена, што ретко ни се нуди.