Гери Голдсмит (58), вујкото на Кејт Мидлтон, како што се шпекулира ќе учествува во реалити програмата „Celebrity Big Brother“.
Ujak Kejt Midlton ulazi u rijaliti pic.twitter.com/hOCAWXUyrc
— Arsil (@arsagarson) January 28, 2024
Имено, контроверзниот бизнисмен, брат на мајката на Кејт, Керол, преговарал со челниците на споменатата куќа за договор кој ќе ги помести сите граници.
Тој не можеше јавно да зборува за деталите, бидејќи потпиша договор за необјавување.
„Гери се бореше да влезе во „Големиот брат на славните“. Тој ги финализираше условите од својот договор и едвај чека да влезе во куќата“, изјави извор за TheSun.
Да потсетиме дека Гери минатата година беше на аудиција за реалити програмата „I’m A Celebrity“, но во последната фаза беше одбиен поради страв дека тоа би можело да ги посрамоти Кејт и принцот Вилијам. Сепак, тој е една од најконтроверзните фигури потпишани со CBB.
„Тимот CBB го сака поради неговата врска со Кејт и фактот дека е самоуверен и гласен и нема да се воздржува. Тој јасно стави до знаење дека ќе зборува за се и сешто, и дека е доста отворен кога станува збор за Хари и Меган“, рекоа тие.
Портпаролот на познатиот Голем брат рече дека сите имиња се „чиста шпекулација“ во оваа фаза.