Вчера во Скопје санкционирани 264 возачи, 88 за брзо возење

Вкупно 264 мерки, меѓу кои 88 за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола и три санкции за возач почетник се изречени во текот на вчерашната контрола во областа на сообраќајот што беше спроведена на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за не користење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло),…

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.