– Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) алармираше поради зголемениот број смртни случаи на деца во Појасот Газа од 7 октомври, кога израелско-палестинските тензии прераснаа во вооружен конфликт.
„Газа стана гробишта на деца“, рече портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, на брифингот за медиумите на ОН во Женева.
Елдер го повтори повикот на УНИЦЕФ за итен прекин на огнот и хуманитарен пристап до резервите за енклавата, велејќи дека децата во Газа умираат не само поради воздушните напади, туку и поради недостатокот на потребната медицинска нега.