Газпром предупреди: Ќе има ли проблеми?

Европскиот енергетски систем во моментов е нестабилен и може да се соочи со проблеми и недостиг, тврди рускиот енергетски гигант Газпром.

„Системскиот енергетски дефицит не исчезна, што се манифестира не само со повисоки цени во однос на годините пред пандемијата на коронавирус, туку и во стабилно контанго“, велат високите менаџери на Газпром, Сергеј Комлев и Александар Шапин, пренесува Ројтерс.

Според порталот Investopedia.com, контанго значи ситуација во која фјучерс цената на стоката е повисока од очекуваната спот цена, што покажува очекување дека цената на оваа стока во иднина ќе расте.

„Ваквото движење на цените значи дека, според учесниците на пазарот, системот за енергетска безбедност во Европа, изграден во вонреден режим, е нестабилен и се соочува со нови предизвици“, заклучуваат менаџерите на Гаспром.