ГАЛА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ Протекоа фотографии од интимната веселба, се пука од луксуз

Покрај роденденската торта, на масата имаше послужени цреши, чаши за вино и шумско овошје.

Здравко Чолиќ наполни 73 години, а по тој повод приреди гала прослава.

Неговата ќерка Уна Чолиќ преку својот Инстаграм профил откри детаљ од прославата објавувајќи интимна фотографија.


Како што можете да видите, покрај роденденската торта на масата имаше послужени цреши, чаши за вино и шумско овошје.

Семејството Чолиќ уживаше во вино и ладна минерална вода, а Уна во описот на фотографијата накратко напиша:

– Роденден на тато – и додаде емотикон за срце.

Живеат во куќа вредна речиси еден милион евра 

Домот на Здравко Чолиќ  е местото каде што најмногу сака да престојува помеѓу концерти, снимања и турнеи, а неговиот ентериер можеме да го видиме на Инстаграм профилот на неговата постара наследничка Уна.