– Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер на која биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и двата парламента. Гаши, како што соопшти собраниската прес-счужба, се заблагодарил за француската поддршка на сите нивоа за членството на земјава во НАТО и за полноправно зачленување во Европската Унија.
-Тој ја поздрави досегашната активна заложба за унапредување на односите од страна на француските сенатори и пратеници, особено пратениците Лилиана Танги и Бертран Сор, нивната недвосмислена поддршка за нашиот процес на евроинтеграции. Како прв приоритет во неговиот мандат, го издвои членството во Европската Унија и напорите кои ќе ги вложи за што поскоро остварување на оваа наша стратешка цел и определба на мнозинството наши граѓани, се вели во соопштението.
Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за Гаши во име на француските власти и во негово лично име, ја пренел поддршката на Француската Република во извршувањето на неговата функција како претседател на Собранието.
Тој бил согласен за позитивниот тренд на динамична парламентарна соработка меѓу пратениците од Собранието на Република Северна Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република, особено меѓу групите за соработка и во рамките на секциите во Парламентарното собрание на Франкофонијата.
-Амбасадорот ја искористи приликата уште еднаш да го поздрави одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став- Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март – месец на Франкофонијата, кој им дава можност на учениците франкофони од средните училипшта на еден ден да бидат пратеници и да одлучуваат за значајни теми кои ги засегаат младите. над-партиски консензус за прашањата поврзани со членството во Европската Унија, се вели во соопштението.
Двајцата соговорници размениле мислења за претстојните собраниски активности во актуелниот парламентарен состав и за случувањата во Француската Република во одржувањето на европските избори. Било заклучено дека е потребно што поскоро основање на групите за пријателство во двата парламента по завршувањето на изборите и продолжување на интензивната парламентарната соработка во периодот што следи.
На средбата присуствувала и Жаклина Поп- Ангелова, шеф на кабинетот на францускиот амбасадор.