Гаши: Собранието е подготвено за уставни измени, потребен е само политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, рече дека амандманите за внесување на Бугарите во Уставот во македонското Собрание ќе поминат многу лесно, но за да почне процедурата треба да се постигне политички договор.

Запрашан дали јавноста треба да очекува уставни измени до Нова година, Гаши рече дека сè е подготвено.

„Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието, штом има политички договор, ние сме подготвени да ја започнеме процедурата. Мислам дека имаме две третини, мислиме дека процесот во Собранието ќе оди многу лесно и ќе го спроведеме, но зависи од политичкиот момент“, изјави Африм Гаши, претседател на Собранието.