Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, нема никаков контакт со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по одлуката за реконструкција на Владата. Гаши вели дека чека да го контактира Ахмети, за да му ги соопшти причините за заминувањето на неговата партија од власта.
„Не сум контактирал овие денови. Чекав да ми се јави и барем да даде објаснување зошто се случило вака, сепак тоа е негово прашање“, рече Гаши во Програмата 200.