Гвардиола го носи Мекалистер во Манчестер сити

 Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, сака да го донесе во редовите на актуелниот англиски шампион фудбалерот на Брајтон и аргентински репрезентативец Алексис Мекалистер, пренесуваат денеска британските медиуми.

Мекалистер беше еден од најдобрите во редовите на новиот светски првак Аргентина на Мундијалот во Катар, а Гвардиола во него во иднина гледа идеална замена за играчот од средниот ред Илкај Гундоган.

Британските медиуми тврдат дека Брајтон би можел да бара обесштетување од дури 80 милиони евра, бидејќи за услугите на Аргентинецот се заинтересирани и Арсенал, Ливерпул и Челзи.

Мекалистер дојде во Брајтон во 2019 година од редовите на Аргентинос јуниор за осум милиони евра.