Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола смета дека него и на неговиот тим му е потребно раздвижување.
– Во вакви моменти сум позитивен, ментално сум силен. Како тренер, понекогаш ми треба тоа. Ми треба овој предизвик. Мислам дека е добро за сите. Долго време живеевме со мислата колку сме добри. Сега треба да си речеме: „Момци, сето ова е страшно, страшно. Бевме непобедливи и одеднаш како од ведро небо, не можеме да победиме ни еден натпревар. Можеби пред се ми треба предизвик – да си докажам дека сум добар тренер. И тоа е добар предизвик за играчите, изјави Гвардиола.
„Граѓаните“ по 15 кола се наоѓаат на 4. место на табелата со 30 бода, шест помалку од лидерот Арсенал.
Манчестер сити утре го пречекува Лутон во обид да ја прекина серијата од четири натпревари без победа во англиската Премиер лига.