Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во рамките на активноста за посета на населени места и средби со граѓани, денеска беше во Општина Маврово и Ростуше каде што ги посети населените места Маврови Анови и Врбен.
Истакна дека од денешните средби со граѓаните може да слушнат и да констатираат дека во овој македонски туристички центар изминатите шест години, ниту локалната, ниту централната власт нема ништо инвестирано и дека единствено што е направено од градоначалникот е урбанистичкиот хаос.
Сајкоски се осврна и на проектот за коридорот 8 со кој владата не ја поврзува општина Кичево, туку дека истиот ќе завршува само до Зајас, со што остануваат уште 16 километри до Кичево кои нема да бидат опфатени во автопатското решение Гостивар – Букојчани.
„Граѓаните се загрижени и за проектите кои што владата ги најавува, односно автопатите од коридорот 8 и коридорот 10, за средствата кои ќе бидат потрошени милијарда и 300 милиони, средста кои што неотчетно оваа влада ќе ги троши. Но, исто така, сакам да им порачам на владата дека манипулира со граѓаните со овој проект, бидејќи кажува дека ќе се направи автопатско решение со кое ќе се затвори коридорот 8. Меѓутоа, од она што го презентираа и кажаа дека ќе прават автопатско решение Гостивар – Букојчани, а не го поврзуваат Кичево или остануваат уште 16 киломентри кои нема да бидат поврзани. Ова автопатско решение е автопатско решение од коридорот 8 кој ќе завршува, најверојатно, само до Зајас“, истакна Сајкоски.