Генералштабот на Украина тврди: “Русите се обидуваат да ја опкружат Авдијевка, но ние цврсто ја држиме одбраната“

Руските сили не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдијевка (Авдеевка), но украинските војници цврсто ја држат одбраната, нанесувајќи му бројни загуби на непријателот, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Како што се наведува во објавата на Фејсбук страницата на Генералштабот на вооружените сили на Украина, во изминатите 24 часа имало повеќе од 100 судири со руски војници.

Руските сили извршија девет ракетни и 39 воздушни напади, како и 50 напади со повеќецевни ракетни системи врз позициите на украинските војници и населените области“, пренесува агенцијата Unian.

Се додава дека украинските сили ги одбиле руските напади во правец на Купјанск, Маринка и Запорожје и ги продолжуваат офанзивните операции јужно од Бахмут.