“ФРАНЦИЈА Е ЗЕМЈА НА НЕВЕРНИЦИТЕ!“ – Повторно евакуирана палатата Версај по добиена заканувачка порака: “Ќе се раснесам внатре“

Версајската палата во Париз денеска е повторно евакуирана, по шести пат во седум дена, по закана за бомба, пренесуваaт француските медиуми, повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Според нив, евакуирани се 5.000 туристи, а на местото се испратени кучиња трагачи.

Версајската палата на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека евакуацијата се врши од безбедносни причини и дека ќе биде повторно отворена штом ќе бидат извршени сите проверки.

Претходно беше испратен мејл до полицијата во кој се наведува дека Франција е „земја на неверниците“, пренесуваат медиумит.

Ќе разнесам се во Версајската палата“, се закануваат во испратената порака.

Во Франција нивото на безбедност е подигнато на највисоко ниво од петокот, по убиството на наставникот во училиште во францускиот град Арас и поради заканите од тероризам поради војната на Блискиот Исток.