ОВА Е ЧОВЕКОТ ОД ДОВЕРБА НА ЕРДОГАН! Важна одлука на турскиот претседател – тој е на чело на разузнавачката агенција, неколку пати доаѓаше во Македонија

Ердоган го назначи својот портпарол на една од најважните функции во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ), соопшти кабинетот на Ердоган.

Ројтерс наведува дека Калин е долгогодишниот „доверлив човек“ на Ердоган и дека од 2014 година е портпарол на претседателството и советник за надворешна политика на Ердоган.

Агенцијата додава дека за министер за надворешни работи наместо Мевлут Чавушоглу е назначен поранешниот шеф на МИТ, Хакан Фидан, кој беше на таа функција од 2010 година .

Турскиот претседател одлучи на функцијата министер за финансии во новата влада повторно да го именува Мехмет Шимшек, како и за министер за одбрана Јашар Ѓулер, кој од 2018 година е началник на турскиот Генералштаб.