Пендаровски – Агелер: Американската поддршка ќе продолжи како гаранција за мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан

Билатералните односи се развиваат со одлична динамика, засновани на долгогодишното пријателство меѓу Македонија и САД, додека во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО, беше истакнато на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Прајс Агелер. 

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, соговорниците размениле мислења и информации за развојот на евроинтегративниот процес и за следните чекори што треба да се преземат во оваа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија кон Украина. 

„Претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека нашата земја придава посебно значење на развојот на односите со САД, изрази убедување дека американската поддршка ќе продолжи и во наредниот период, како гаранција за мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан стои во соопштението.