Се препорачуваат 500 грама неделно: Овие групи луѓе треба да избегнуваат црвено месо

Црвеното месо е познато како извор на хранливи материи, но не се препорачува во секоја ситуација.

Прекумерното консумирање црвено месо го зголемува ризикот од срцеви заболувања и развој на рак на дебелото црево. Диететичарите препорачуваат приближно 500 грама црвено месо неделно.

Според Eat This, одредени групи луѓе не треба да консумираат црвено месо или треба да го намалат неговото внесување на минимум.

Ова се првенствено луѓе со покачен холестерол. Како што објаснуваат стручњаците, за сите оние кои веќе имаат проблеми со покачен холестерол, консумирањето црвено месо нема да помогне во неговото намалување, туку ќе го направи спротивното, односно уште повеќе ќе ги зголеми лошите вредности.

Бројни студии покажаа дека луѓето со срцеви заболувања треба да избегнуваат и црвено месо, а причината е таложење на наслаги во артериите.

Освен овие групи на луѓе, луѓето со оштетување на бубрезите исто така не треба да консумираат премногу црвено месо, како и луѓето со генетска предиспозиција за рак на дебелото црево.