Објавена е нова листа на најбогати луѓе во светот

Американскиот бизнисмен Илон Маск и понатаму е најбогатиот човек на светот, а вредноста на неговиот имот се проценува на 232 милијарди долари.

Според денешната листа на милијардери на Блумберг, богатството на Маск пораснало за 95 милијарди долари за една година.

На второ место е извршниот директор на LVMH, Бернард Арно, со богатство од 167 милијарди долари.

Шефот на Амазон, Џеф Безос е на третата позиција со 151 милијарда долари, следен од основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 124 милијарди долари и извршниот директор на Оракл Лери Елисон со 121 милијарда долари, според веб-страницата Блумберг.

На шестото место е ко-основачот на Google, Лери Пејџ со 118 милијарди долари, а само чекор зад него е инвеститорот Ворен Бафет со богатство од 117 милијарди долари.

Другиот ко-основач на Google, Сергеј Брин е на осмото место со 112 милијарди долари, а поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер е на деветтото место со 110 милијарди долари.

Листата на 10-те најбогати ја затвора сопственикот на компанијата Мета Марк Цукерберг со имот од 109 милијарди долари.