(ВИДЕО) СТРАШНИ СЦЕНИ: Мостот се урна како кула од карти! Ужасно видео кружи на социјалните мрежи

Мост во изградба се урна во неделата во градот Багалпур во индиската држава Бихар – втор пат во четиринаесет месеци. Два дела од мостот што се гради, еден по друг, се урнаа и паднаа во реката Ганг.

Нема информации за жртви или повредени, а наредена е истрага за уривањето на мостот за да се утврди кој е одговорен.

Дел од истиот мост во изградба се урна и на 30 април минатата година. Тогаш како причина за инцидентот беше посочен лабав кабел, но граѓаните ја обвинија корупцијата што, како што се сомневаат, довело до употреба на неквалитетни и поевтини градежни материјали.

Темелите за мостот над Ганг беа поставени уште во февруари 2014 година. Првично беше планирано да биде завршено до март 2020 година, но завршувањето веќе е одложено за повеќе од три години.

Нова несреќа може да го одложи крајот на работите барем за уште неколку години, сметаат експертите во Индија.

Мостот долг 3,16 километри ќе биде шестиот мост на реката Ганг што го поврзува северниот дел на Бихар со јужниот дел и вториот мост над Ганг во областа Багалпур, објави РТС.