(ВИДЕО) ОВА Е ПОВРЕДНО ОД КОЈА БИЛО ПОБЕДА: Тара нервозно го чекаше Новак, нејзината реакција кога го здогледа беше ПРЕСЛАТКА

Неколку моменти по победата во третото коло на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ зборуваше за важноста на семејството за него.

Тој го порази Перуанецот, а потоа одговараше на прашањата на Марион Бартоли, поранешна тенисерка која сега работи како аналитичар.

Зборуваше за Стефан и откри дека се чувствува многу подобро кога покрај него се децата и сопругата.

А потоа го напушти теренот на стадионот „Филип Шатрије“, а таму нетрпеливо го чекаа Стефан и Тара.

На видеото кое е објавено на официјалниот профил на Ролан Гарос на социјалната мрежа Твитер, се гледа малата Тара како нервозно го чека својот татко.

Едвај чекаше да го види Новак, што се виде по нејзината реакција кога тој се појави.

Таа веднаш истрчала да го прегрне, а не го оставила својот татко ниту кога тој се збогувал со присутните.

Во четвртфиналето на вториот Грен слем сезонава Ѓоковиќ победи против Карен Хачанов, а во петок ќе игра во полуфиналето.