Нема да верувате која објава на Новак на социјалните мрежи е најчитана! (ФОТО)

Пет милиони и уште повеќе

Новак освои се што можеше да се освои, имаше и бројни интересни ситуации кои станаа вирални на социјалните мрежи, но ова е неговата објава која допре до милиони читатели.

Тоа е честитка до индискиот играч на крикет Вират Коли, кој ја предводеше својата репрезентација до победа против Нов Зеланд на Светското првенство.

Коли е вистинско спортско божество во Индија и затоа не е чудно што честитката на Новак доби таков публицитет на некогашниот „Твитер“, сегашната мрежа „Икс“.

Објавата на Новак ја виделе над 5.000.000 корисници, додека медиумите не обрнале премногу внимание на неговиот гест.