Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на турнир во Турција

Со три контролни натпревари во Турција на крајот од овој месец македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе ги почне подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2025 во Словачка.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски од 23 до 29 март во Анталија ќе одиграат подготвителни натпревари против Летонија, Финска и Словачка.

Канатларовски повика 22 фудбалери меѓу кои дебитантски повик во репрезентацијата добија голманот Васко Василев од португалски Рио Аве, левиот бек на Шкупи, Марио Ричков, играчот од средниот ред на словачка Подбрезова, Мартин Талаков и Матеј Ангелов од Работнички.

Во квалификациите за ЕП 2025 репрезентацијата на Македонија е во групата Ц заедно со Холандија, Шведска, Молдавија и Гибралтар. Првиот натпревар во групната фаза Македонија ќе го игра на 8 септември на гостински терен против Шведска