ТАА ЈА НАВЕДЕ ПРИЧИНАТА ЗА СВОЈОТ МОЛК- Турската актерка Кансу Дере конечно се огласи откако се сомневаа дека исчезнала во земјотресот

Турската актерка Кансу Дере конечно проговори откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди оваа земја пред повеќе од еден месец.

Иако претходно се појави видео од нејзиното помагање на жртвите по земјотресот, сепак многумина беа загрижени бидејќи таа не објави ништо на социјалните мрежи.

Таа сега за Си-Ен-Ен Турк изјави дека некое време не била во јавност бидејќи ја скршила петата и се опоравувала дома.

„Не ми беше намерата да загрижам никого. Не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти“, рекла таа.

Инаку, нашата јавност ја препознава Канса по улогата во серијата „Езел“. Таа глумеше и во сериите „Сулејман Величествениот“, „Сила“, „Неверство“ итн.

Порано се занимаваше со моделирање. Таа беше Мис на Турција во 2000 година.