Лога: Подготвуваме ново барање за екстрадиција на Груевски

 Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија, најави министерот Кренар Лога.

Министерот нагласи дека во образложението на барањето за екстрадиција ќе пишува дека Груевски казната ќе ја одлежува во т.н. „хашките ќелии“, кои ги исполнуваат пропишаните условите, од причина што азилот во Унгарија го добил брз основа на тврдењето дека земјава „нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици“.

– Груевизмот нема да избега од Северна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за девет други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница. Во горенаведеното писмо, дадов сугестија да се напише дека Северна Македонија ги исполнува условите за категоријата личност како Груевски, бидејќи истиот тој градел ќелии во притвор и во затвори, т.н. „хашки ќелии“, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија, рече министерот Лога во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.