Една од најубавите манекенки на сите времиња го одзема здивот и на 69 години

Се сеќавате ли на познатата манекенка која ги красеше модните писти?

Познатата манекенка Иман денес има 68 години и се уште предизвикува восхит. Таа е една од најубавите манекенки на сите времиња, а многумина се согласуваат дека е невозможно да се надмине кога се во прашање познатите имиња од модните писти.

Преку ноќ стана ѕвезда на млада возраст и почна да соработува со големи модни куќи како „Дона Каран“, „Дјани Версаче“, „Келвин Клајн“ и други, што ја издигна на самиот врв на модниот свет, а многумина ја паметат и по улогата во спотот на Мајкл Џексон за песната „Remember the Time“.

Таа се истакна и во светот на филмот, а во 1994 година го лансираше својот козметички бренд Iman Cosmetics, првично наменет само за жени со темна кожа. Таа до неговата смрт во 2016 година беше во брак со вториот сопруг, познатиот музичар Дејвид Боуви, а ја имаат ќерката Александрија Зара.

Во една прилика изјавила дека тој и понатаму е нејзиниот сопруг, а не нејзиниот „покоен сопруг“. „Не ми пречи да ме нарекуваат сопруга на Дејвид Боуви, но секогаш се потсетувам дека постоев пред него“, рече тогаш таа.