Генерал Армагедон новиот шеф на Вагнер? Руски медиуми: Сергеј Суровикин би можел да стане нов водач на платеничката група

Рускиот генерал Сергеј Суровикин би можел да стане нов шеф на Вагнер – шпекулираат руските медиуми.

Суровикин учествуваше на состанокот со раководството на алжирскиот воен оддел, што укажува на почетокот на кампањата за назначување на функцијата што ја имаше основачот на оваа приватна воена компанија, Евгениј Пригожин.

До тој заклучок е дојдено гледајќи ја фотографијата на генералот Суровикин која се појави на социјалните мрежи.

Како што дознава платформата „TP Čeka-OGPU“, фотографијата на Суровикин е направена во Алжир, каде што отишол на средба со военото раководство на таа северноафриканска земја. Суровикин на сите состаноци бил во цивилна облека, што го потврдува неговото разрешување од редовите на Вооружените сили на Русија, јавуваат дел од руските медиуми.

Уште порано, на 4 септември, се појави фотографија од Суровикин додека се шета со сопругата во Москва.

Исчезна од јавноста по бунтот на Вагнер

Суровикин не се појавил во јавноста од 24 јуни, кога им се обратил на борците на Вагнер со апел да се прекине бунтот. Наводно, руските власти го сомничиле за учество во тој бунт.

Суровикин беше заменик командант во Украина, која ја предводи командантот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Запаметен е и по командата за повлекување на 30.000 добро вооружени и добро опремени единици на руската 58-ма армија од десниот брег на реките Днепар во областа Керсон и од истоимениот административен центар минатата есен.