Генијалниот професор ОТКРИ што ја интересира цела Америка: Досега погодил 9 претседатели – Еве кој би можел да биде ПОБЕДНИК на изборите
Познатиот американски професор Алан Лихтман откри кој би можел да победи на претстојните претседателски избори во САД.
Лихтман е познат по точноста на своите предвидувања засновани на систем од 13 прашања на кои може да се одговори само со да или не.
Формулата наречена „13 клучеви за Белата куќа“ ја развија Лихтман и познатиот математичар Владимир Кеилис-Борок во 1981 година. Оттогаш, се користи за предвидување на исходот на претседателските избори во Соединетите држави со високо ниво на успех.
Ако одговорот на шест или повеќе прашања е „да“, тоа секогаш значи дека сегашната партија ќе победи. Доколку одговорот на шест или повеќе прашања е „не“, гласачите ќе се свртат против партијата на власт. Прашањата ја вклучуваат економската состојба во државата, социјалните немири, присуството на скандали, големите успеси и неуспеси на кандидатите, но и нивната лична харизма.
– Харис победи. Има 8 „да“ и 5 „не“ – напиша политикологот на социјалната мрежа Х.
Професорот нагласи дека конечната прогноза ќе биде објавена по Конгресот на Демократската партија во август, каде демократите и официјално ќе го соопштат својот кандидат.
Лихтман го предвидува исходот од претседателските избори во САД од 1984 година. За тоа време девет пати го предвиде победникот и само еднаш згреши кога ја предвиде победата на демократот Ал Гор во 2000 година, но победи републиканецот Џорџ Буш. Бидејќи тие избори беа проследени со скандал со пребројување на гласовите на Флорида, професорот смета дека неговото предвидување од почетокот било точно.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.
Се претпоставуваше дека Демократската партија ќе ја претставува актуелниот американски претседател Џо Бајден, но по неговиот катастрофален настап на јунската дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп, демократите побараа од него да се откаже од борбата. На 21 јули Бајден одлучи да се повлече и го поддржа номинирањето на потпретседателката Камала Харис на највисоката позиција во американската власт.