Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, коментирајќи го одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембур истакна дека во момент на нестабилност во регионот, клучно е Европската унија да се продлабочува и зајакнува, а денешниот ден го нарече важен за европската перспектива на Западен Балкан.
Герапетритис рече дека Грција е водечка сила преку Солунската агенда и нагласи дека земјата имала конструктивен став во интегративниот процес на Албанија.
Тој додаде дека е важно првиот сет на поглавја, кој се отвора денеска, да вклучува и права на малцинствата, особено на грчкото национално малцинство.
Грција ќе продолжи да го следи овој процес и ќе интервенира кога е потребно, додавајќи дека очекува и остатокот од Западен Балкан да го следи истиот пат.