Германија инвестира 20 милијарди евра во одбрана до 2031 година

Писториус за магазинот „Шпигел“ изјави дека снабдувањето на армијата со муниција е еден од неговите приоритети.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека нивната цел е за осум години да инвестираат 20 милијарди евра за потребите на армијата, пренесува Anadolu.

Писториус за магазинот „Шпигел“ изјави дека снабдувањето на армијата со муниција е еден од неговите приоритети.

„Без муниција, најсовремените системи за оружје се бескорисни, дури и ако се подготвени за акција во дворот. Ни треба и сакаме да инвестираме повеќе од 20 милијарди евра во оружје и муниција до 2031 година“, рече Писториус.

По руско-украинската војна, Германија испрати оружје во Украина.